УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката.

Количината на обврзниците ќе биде 2.500 со апоенска структура од 1.000 евра.

Обврзниците ќе се понудат по цена од 1.000 евра.

Нето приходите од обврзницата ќе бидат додадени во основната главнина на Банката како додатен капитал и ќе се користат за кредитниот пораст.

Обврзниците не се гарантирани, односно не се покриени од друг вид на обезбедување на банката.

Обврзници немаат рок на достасување и затоа се нарекуваат „вечни“.

Тие ќе имаат фиксна каматна стапка за првите пет години од 5% на годишно ниво, а после тој период каматната стапка се зголемува за 2 проценти и ќе изнесува 7% на годишно ниво.

Каматата ќе доспева за плаќање полугодишно и тоа:

  • на датумот на изминување на 6 месеци од датумот на издавање на обврзницата;
  • на датумот на издавање на обврзницата (датумот на регистрирање на обврзницата во ЦДХВ) секоја година;

Каматата ќе се пресметува во евра, а ќе се исплаќа во денари по среден курс на Народната банка на денот на исплата на трансакциските сметки на имателите на обврзницата.

Банката може по сопствено видување да одлучи да ја укине, односно да не плаќа камата за неопределен временски период.