По успешното потпишување на договор со Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР) на Македонија, со кој се даваат големи поволности на Старт-ап компаниите (повеќе за поволностите), УНИ Банка продолжува со засилена поддршка на претприемништвото и дигиталните бизниси.

На презентацијата за настанот „Недела на Start-Up и Мали и Средни Компании“ организиран од ГС1 Македонија и ЦИКП, УНИ Банка детално ќе го претстави новиот концепт „Мој Банкар“. Услугата овозможува компаниите да добиваат полесен, побрз и поедноставен пристап до банкарските продукти, но од најголема важност консултации поврзани со нивните редовни деловни обврски за унапредување на работењето и финансиската стабилност кај компаниите.

За еден од најголемите предизвици за Start-Up и Малите компаниите е управување со солвентноста и финансиите. „Мој банкар“ им овозможува на претприемачите насоки како да управуваат и кои се најсоодветните банкарски продукти што ќе овозможат ликвидност и финансиско „здравје“ на нивните компании. Преку интерактивниот настан, претприемачите ќе бидат во можност директно да ги разгледаат бенефитите и начините за користење на услугата.

Настанот е уникатна можност да го претставиме нашиот најнов концепт Мој Банкар пред главните двигатели на развојот на економијата, Start-Up-ите и претприемачите бизниси. УНИ Банка како сериозна дигитална институција го има капацитетот да даде најдобриот совет за кои и какви банкарски продукти се потребни на еден бизнис и да ги консултира клиентите за финансиската состојба на нивните компании. Поради тоа се повеќе ќе се насочуваме кон поддршка на претприемништвото и дигиталните бизниси. Ние како Дирекција за Стратешки Клиенти секогаш сме на располагање и насочени кон унапредување на бизнисите на нашите клиенти – изјави Сања Митровска.

На настанот концептот ќе биде претставен од Сања Митровска – Менаџер во Дирекција за Стратешки Клиенти, која по завршување на конференцијата ќе може да биде контактирана на [email protected].

Една од главните цели на УНИ Банка е поддршката за дигиталните бизниси, развојот на дигитализацијата и претприемништвото во Македонија. Поддршката е во насока на исполнување и на долгорочната цел на УНИ Банка да сопствените дигитални капацитети и напредни дигитални решенија ги приближи до клиентите за заедничко остварување на повисоки резултати.