УНИ Банка го прошири своето портфолио на услуги со новиот производ “Умна депозитна сметка”. Со овој депозит колку повеќе штедите толку повеќе добивате.

Карактеристики на умната депозитна сметка на 12 или 24 месеци :

  • Умна депозитна сметка може да отвори било кое физичко лице клиент на УНИБанка;
  • Период на исплата на камата: 12/24 месеци;
  • Минимален износ кој треба да се одржува на сметката: 15.000 ден/ 250 евра;
  • Валута: денари/евра;
  • Слободна уплата на средства;
  • Исплата на средства од сметката во секое време;
  • Без провизии при уплата и исплата од сметката;
  • Без  трошоци за отварање и одржување на сметката;
  • Средствата на депозитната сметка се осигурани во Фондот за осигурување на депозити на Р. Македонија
  • Рaстечка каматна стапка до 7%.

Дополнителни информации:

  • На состојбата на депозитот се исплаќа камата по фиксни каматни стапки важечки за соодветниот каматен период, согласно табелата;
  • Каматните стапки од табелата не важат за делот од состојбата на сметката кој е над состојбата на сметката од првиот ден од четвртиот месец. На тој износ се пресметува камата по годишна каматна стапка од 0,50%;
  • Каматата се исплаќа по истекот на 12 месеци или при затварање на депозитната сметка;
  • При неисполнување на условот за минимален износ и по истекот на 12 месеци се пресметува камата по видување

За повеќе информации на следниов линк.