Од 2-ри септември 2019 г. УНИБанка воведува “3D Secure“ технологија на картичките, која овозможува највисоко ниво на сигурност и безбедност при интернет плаќања со картичка.

“3D Secure“ технологијата преку програмите Mastercard SecureCode за Mastercard картички и Visa Secure/Verified by Visa за Visa картички, со испраќање на СМС порака со ОТП (One Time Password) овозможува проверка на идентитетот на корисникот на картичката.
ОТП е еднократна лозинка која се добива преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во банката и е валиден само за конкретната трансакција.
Оваа технологија е бесплатна за сите корисници на картички издадени од УНИБанка и за нејзино користење не е потребна регистрација.