Австриската групација Уника, во 2017 година достигнала најголем годишен раст на пазарите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Петнаесетте земји кои го сочинуваат овој регион донеле раст на приходот од премија за 14,9%. Според објавата членките на групацијата во Македонија, Косово, Албанија, Бугарија, БиХ, Црна Гора, Романија, Србија, Хрватска, Украина, Русија. Чешка Република, Унгарија, Полска и Словачка, донеле приход на премија од €1,5 милијарди.

 

„Очекуваниот годишен раст на приходот на премија за ЦИЕ беше 5-6% во следните неколку години“, изјавува Волфганг Киндл, генерален директор на Уника Интернешенел. „Нашиот бизнис во ЦИЕ не само што го поддржува нашиот раст, туку влијае и на растот на профитот на сите пазари. Како резултат на тоа, имаме поедноставни и поефективни продажни мрежи и дури и побалансирано портфолио на продукти.“ додава Киндл.

Покрај приходот од премија, групација може да се пофали и со зголемен профит за 39,5% достигнувајќи €50,4 милиони во 2017 година.

Киндл потенцира дека групацијата постојано ги анализира пазарите во овој регион и разгледува опцци за аквизација или соработка на други компании во ЦИЕ.