Италијанската банка „УниKредит“ од крајот на оваа до крајот на 2023 година ќе го намали бројот на вработени за 8.000 лица и ќе затвори 500 филијали, се наведува во  стратегискиот план на оваа финансиска институција.

На  крајот на третото тримесечје од оваа година во банката работеле 84.600 лица. Доколку се реализира предвиденото кастрење на вработените, штетата за банката ќе се намали за речиси 9,5 отсто.

Според новиот план на банката, нејзините вкупни расходи во 2023 година ќе достигнат 10,2 милијарди евра.

„Уникредит“ забележува дека непрекинатата оптимизација на банката, поддржана со зголемување на инвестициите во ИT секторот, ќе овозможи бруто заштеди во Западна Европа во износ од милијарда евра.

„Ова штедење ќе биде достигнато делумно за сметка на кастрењата за околу 8.000 лица во текот на планираниот период. Како резултат на континуираната оптимизација на мрежата од филијали во периодот од 2019 до 2023 година ќе се затворат околу 500 канцеларии“, се наведува во документот, цитиран од агенциите.

Во посочениот период банката планира да купи акции во износ од две милијарди евра.

„Уникредит“ прогнозира дека благодарение на зголемувањето на својата база на клиенти во Европа приходите во 2023 година ќе достигнат 19,3 милијарди евра при годишен раст од 0,8 отсто, а чистата добивка пред оданочувањето ќе изнесува пет милијарди долари.

Банкарската групација „Уникредит“ делува во 18 држави од светот.