Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на 26.04.2024 год. објави јавен повик за финансирање под инструментот за поддршка „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации“. На јавниот повик може да се поднесат иновативни предлог-проекти за финансирање во максимален износ до 325.000 евра по проект. Крајниот рок за аплицирање е 04.06.2023 год.

Износ на грант

ФИТР обезбедува финансиска поддршка во форма на кофинансиран грант во максимален износ до 325.000 евра.

Со други зборови, најголем дел од буџетот за проектот (до 60 или 70%) го финансира ФИТР, а помал дел (30 или 40%) покрива апликантот со сопствени средства.

Големина на компанија Грант од ФИТР Дел на апликант
– До 50 вработени
– Годишен приход до 2 милиони евра
до 325.000 евра
(70%)
138.000 евра
(30%)
– Од 50 до 250 вработени
– Годишен приход од 2 до 10 милиони евра
до 325.000 евра
(60%)
216.000 евра
(40%)

Износот на остварени годишни приходи и просечен број на вработени се утврдува согласно финансиските извештаи за 2022 и 2023 година.

ПРИМЕР

Компанија со 10 вработени аплицира со проект во вкупен буџет од 200.000 евра.
ФИТР обезбедува 140.000 евра, односно 70%.
Компанијата обезбедува сопствени 60.000 евра, односно 30%.

Кој може да аплицира

На јавниот повик може да аплицираат микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните критериуми за подобност:

  • трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра, според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • просечниот број на вработени согласно финансиските извештаи за претходните две години да не надминува 250 вработени;
  • да не е поврзан (согласно Законот за трговските друштва) со друго претпријатие чии годишни приходи надминуваат 10.000.000 (десет милиони) евра и просечниот број на вработени да не надминува 250 во претходните две фискални години, освен во случај на поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа;
  • апликанти со над 3 (три) години на постоење до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години, согласно член 14 став 1 алинеја 5 од Правилникот и одредбите од Јавниот конкурс.
  • апликантот, до моментот на аплицирање на јавниот повик, да нема тековен (активен) проект кој е финансиски поддржан од страна на Фондот по основ на некој од инструментите за поддршка;
  • против него да не е поведена стечајна постапка или постапка на ликвидација;
  • да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
  • против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
  • да ги исполнува условите од Законот за контрола на државна помош и условите од член 6 од Уредбата за условите и постапката за доделување на хоризонтална помош.

 

На јавниот повик може да аплицираат и новоосновани претпријатија.

Во случај на предлог проекти поднесени од страна на конзорциум, предлог проектот во име на конзорциумот го поднесува водечки апликант. Членови на конзорциумот можат да бидат: претпријатија, високообразовни и научно-истражувачки установи од земјата и од странство.

Рок за аплицирање

Крајниот рок за аплицирање на овој јавен повик е 04.06.2024 год. до 14 ч.