Четири компании во трка за 5Г технологија. Телеком, А1, Неотел и Битстрим пројавиле интерес да им понудат на граѓаните услуги од најнапредната технологија. На јавно наддавање ќе се делат одобренијата. Се чека согласност од Владата дали минималната сума од 6 милиони евра за еднократен надомест, која ќе треба да ја платат операторите е прифатлива. Потоа ќе се распише тендер.

– Ќе се доделат 2 фрекфенции, 2 одобренија по 10 мегахерца за кои минималниот надомест предлагаме да биде 6 милиони евра, а за едно одобрение од 100 мега херци да биде 1,5 милион евра, изјави Игор Бојаџиев, АЕК.

Влезот на македонската компанија Битстрим практично значи влез на трет мобилен оператор во земјавата, затоа АЕК предлага пониски цени за него.

-За да поттикнеме влез на нови оператори, предлагаме помошта, односно висината за новиот мобилен оператор да биде 50% пониска од висината на постоечките, додава Бојаџиев.

Придобивките од 5Г технологијата се големи – брз проток на податоци, за 20 пати побрзо преземање на филмови и музика, истовремено поврзување на повеќе уреди. Се очекува широка примена во индустријата, нови процеси на производство, во здравството, образованието, земјоделието, односно во сите сфери на општеството.

-Ќе се добие значително поголема брзина на проток на податоци, сега се обезбедува брзина на проток и по 150 мегабита, со 5Г тоа ќе до оди до 300 и нагоре мегабита. Минималното време на доцнење ќе биде значително намалено, вели Бојаџиев.

Согласно планот, до крајот на 2023-та година најмалку еден град треба да биде покриен со 5Г сигнал, а до крајот на 2025-та главните коридори. Целосна покриеност на сите градови се очекува до 2027-та година.