Хотелиерите и угостителите на брегот на Охридското Езеро задоволни од стартот на летната сезона. После две тешки години на пандемија, рестрикции и ограничувања се раздвижи туристичкиот пазар.

Двата туристички центри на охридското крајбрежје бележат целосна исполнетост со голем број гости од соседството и странство. Најбројни се Холанѓаните, Полјаците, Турците и Србите.

„До пред месец и пол не знаевме каде ќе се движи, но најверојатно се ослободија малку од војната и соседите и странските тур-оператори и резервациите почнаа да идат наеднаш така да добиваме полн капацитет на резервации, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Агенцијата за туризам очекува 400 милиони долари приходи од туризмот оваа година.

„Не се случајни овие успеси и враќање на туризмот на старите патеки од 2017-та, 2018-та, а многу брзо и 2019-та година. Се надевам дека до 2025-та година заеднички ќе можеме да зборуваме веќе за 700 милиони долари девизен прилив и нешто повеќе од 4 милиони ноќевања во Македонија како туристичка дестинација“, вели Љупчо Јаневски, директор на АППТ.

Очекувањата на туристичкиот сектор се следната, 2023-та година да се достигне и надмине рекордот на туристи од 2019 година, кој изнесуваше околу 1.190.000.

Соња Рилковска