Уставниот суд  поведе постапка за  Уредбата за примена на законот за градежно земјиште и воведе времена мерка  со  што се стопираат активностите на Државниот пазарен инспекторат и УЈП на плажите чии концесионери работат надвор од временскиот рок или закупот им е истечен.

Во оспорената уредбата се предвидува дека закупците на плажите чиј закуп е истечен или договорот е раскинат треба да ги вратат плажите во правобитна состојба и им се забранува понатаму да работат, а за надзорот се задолжени ДПИ и УЈП.

-Се ценеше дека уредбата не се однесува на мерките за кои владата е овластена во време на пандемијата .Уредбите со законска сила треба да бидат поврзани со справување со Ковид 19 и последиците од вирусот. Ова уредба нема никаква врска со пандемијата, велат уставни судии за Телма. Објаснуваат и дека со времената мерка времено се стопираат последиците од  конкретната уредба но активностите за уривање или пак за казнување на закупците може да ги продолжат локалните самоуправи или други органи надлежни според постоечките закони.