Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување ДДВ-пријава и за плаќање на ДДВ-долгот за даночниот период 1 јануари – 31 март 2026.
– Бидете дел од даночните обврзници што навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ што го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие новодостасаниот ДДВ-долг – наведува УЈП и упатува на следнава веб-страница: https://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki.