Од утре стартува генеерален штрајк нa работниците. Откако влaста синдикалците и пред камери си подадоа рака, а ребалансот на буџетот покажа дека владата не го земала в предвид ветувањео на синдикатот и дополнително го одби аманмднаиот на опозицијата – синдикалците на улица.

Ќе постават 120 столчиња пред собрание. Од ссм остануваат на ставот дека платите во јавниот сектор треба да се покачат за 2.806 денари. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи по средбата со синдикалците рече дека ќе продолжи дијалогот.

ВМРО-ДПМНЕ на ставот дека пратениците на СДСм и ДУИ гласаа против Амандманот и покажаа дека не се грижат за граѓаните.

„Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата поднесовме Амандман за покачување на платите од 2.806 денари со цел да им го олесниме животот на граѓаните во овие тешки времиња на економска криза. Како пратеници, повторно ќе поднесиме Амандман и ќе сториме се што е во наша моќ за истиот да биде прифатен“. – вели Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршка за Амандманот на ССМ претходно дадоа и од партијата на „ Левица“ единствено против беа од СДСМ и ДУИ.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ вели дека потребно е системско решение со кое ќе се опфатат и вработените во приватниот сектор.

Од Сојузот на синдикати на Македонија појаснуваат дека согласно правилата за време на генералниот штрајк ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор.