Горивата од утре ќе имаат нова цена, а таа за последен пат ќе биде утврдена по постоечката методологија. Како ќе се утврдува цената по 8 мај кога истекува обврската од купопродажниот договор со ОКТА засега не се знае. Извесно е дека во цената ќе влезе трошокот за складирање на нафтените деривати, потоа трошокот за транспорт, повисоки трошоци ќе има и за набавка на поголеми количини. Копјата се кршат и околу висината на маржата која ја добиваат нафтените компании. Сега таа изнесува 3,2 денари по литар, бараат да се искачи на 6. Регулаторна е во преговори, тврдат дека новата методологија нема да придизвика ценовен шок.
За да се примени новата методологија треба да стапат на сила измените во Законот за енергетика кој е донесен во Собрание, но е не потпишан од претседателот Иванов, па ќе треба повотрно да се гласа. Очекувањата се дека процедурата ќе заврши навреме, односно до 8 мај.