Утре ќе протрестираат штедачите од Еуростандард банка: 

„Поради развојот на настаните со Уставниот суд, а и сега со Државна комисија за спречување на корупцијата, Здружението Правда за штедачи, како што претходно најавивме, ќе излезе на протест утре, понеделник, во 10 часот пред канцелариите на ДКСК. Локацијата е добро позната, спроти Сообранието на улица Даме Груев во Градски ѕид. Утре во 10 часот, адвокатот на Здружението заедно со Иницијативниот одбор на Здружението ќе достави официјална спремена документација со докази во архивата на ДКСК во врска со постапувањето на Уставниот Суд за гласање по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, со кој на Фондот за осигурување на депозити му се дава предимство при наплата на побарувањата во стечајната постапка во однос на сите други доверители“, велат штедачите во својот допис до јавноста.