Бројот на банкроти во Западна Европа минатата година беше најголем од 2013 година.

Според извештајот на ревизорската агенција „Кредитреформ“ од вторник, барање за стечајна постапка поднеле 190.449 компании.

Во исто време, се очекува дека овој број ќе продолжи да расте.

„Три години економска стагнација и рецесија не влијаеја само на Германија, туку и на цела Европа“, рече Патрик-Лудвиг Ханч, директор за истражување во „Кредитреформ“.

Од минимумот во 2021 година и 112.686 компании што пропаднаа, бројот на банкроти во Западна Европа се зголеми за речиси 70 проценти до 2024 година.

Трендот не е само последица на пандемијата, туку е придонесен и од скокот на цените на енергијата, падот на побарувачката и геополитичката неизвесност. Генерално, серијата кризи во последните години ги уништија можностите за закрепнување или раст за компаниите.

Во 15 од 17-те западноевропски земји опфатени со анализата, бројот на банкроти се зголемил во однос на претходната година.

Повеќе од една третина од банкротите во регионот се регистрирани во Франција, 66.088, што е за 17,4 проценти повеќе во однос на претходната година.

Највисока стапка на раст на бројот на банкроти, од 42,5 проценти, пријави Грција, пред Ирска со 32 проценти и Холандија со 31,7 проценти. Сепак, во тие земји, апсолутниот број на банкроти беше неспоредливо помал.