Велика Британија ќе аплицира за членство во зоната за слободна трговија на Пацификот, пренесува АФП. Според изјавата на властите, секретарот за надворешна трговија Лиз Трус ќе го поднесе барањето официјално во понеделник. Лондон очекува разговорите за пристап да започнат кон крајот на оваа година.

Според премиерот Борис Џонсон, овој потег ја покажува амбицијата на Велика Британија да прави бизнис со своите пријатели и партнери ширум светот. Трус, од своја страна, рече дека членството на Велика Британија ќе понуди огромни можности за земјата.

Трговскиот блок, создаден во 2019 година, вклучува 11 земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Јапонија, Чиле и Мексико.