Централната банка на Венецуела побара од британската Централна банка (БЕ) да предаде златни шипки во вредност од 930 милиони евра за да може владата во Каракас да финансира мерки за борба против пандемијата на вирусот корона.

Британската централна банка обезбедува услуги за складирање на златни шипки во многу земји во развој, а од 2018 година го одложува враќањето на 31 тон венецуелско злато зачувано во Лондон од страна на претседателот Николас Мадуро.

Венецуела побара од Банката на Англија да продаде дел од своите златни резерви и да им испрати пари преку Обединетите нации за финансирање на борбата против пандемијата на вирусот корона.

Парите треба да бидат префрлени во Програмата за развој на ООН и да се искористат за набавка на здравствена опрема, лекови и храна за да може да се отстрани кризата „Ковид 19“, пренесува Ројтерс.

Продажбата на златни резерви е меѓу неколкуте преостанати опции на претседателот Мадуро, со оглед на санкциите на САД. Економијата во Венецуела е погодена од санкциите на САД, колапс на цената на нафтата и карантинот поради вирусот корона.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк