Калифорниската компанија „Санстал“ ги претстави своите вертикални соларни панели под назив „санзаун“, кои можат да се користат на постоечките полиња и обработливо земјиште, без да се жртвуваат заради чистата зелена енергија.

Нивните соларни панели се поставуваат главно како конвенционалните соларни системи, а разликата е во тоа што новиот систем користи бифацијални соларни модули, а цела низа панели стојат како граничен ѕид во полето.

За да се оддалечиме од фосилните горива, во спорените години сите се интереситраат за соларната енергија. Европските земји се соочуваат со остри зими и наоѓаат нови начини за искористување на соларната енергија. Се поставуваат панели ан големи височини за полињата да останат обработливи.

Но, така се разви и идејата за двојна намена, па агровотаиката стана нова област. таа постави норми за употреба на подигнати платформи со соларни панели, кои покрај тоа што ќе произведуваат струја, ги штитат посевите од прејакото сонце. На тој начин се намалува потребата за вода на растенијата.

Овој концепт е корисен, но ги зголемува трошоците за инсталација.

Затоа пак, „сунзуан“ фотоволтаиците, полесно се инсталираат да стојат вертикално, а нема потреба да се градат подигнати платформи. Вертикалните фотоволтаици може да се наредат секаде каде е погодно, под агол од 15 степени во однос на тлото.

Генијално е и решението за две лица кои произведуваат електрична енергија, па нема потреба тиеда се свртени кон југ. Произведуваат струја свртени во правец исток-запад, и тоа исто како да се свртени на југ.

Уште поважно е што не се наменети само за полињата. Може да се наредат покрај автопати, железнички пруги, огради или дури и балкони во станбените единици.

Овие панели во моментот се во процес на добивање UL2703 сертификат, кој гарантира сигурносни перформанси на модули и системи.

Ваков вертикален систем во моментот е инсталиран во винарија во Калифорнија, содржи 43 панели и произведува 23kW.