АД ЕСМ вчера произведe 16.048 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Како што информираат денеска од Владата, во термоелектраните се произведени 13.274 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци се произведени 2.774 мегават часови електрична енергија.