Vienna Insurance Group (VIG) започнува со работа во Шведска, Норвешка, Данска и Финска.
Локално основаниот тим на осигурителни агенти на VIG ќе понуди решенија за осигурување на корпоративни клиенти преку брокери, објави австриската групација.

Подружниците се планираат во Стокхолм, Копенхаген и Осло, а финските клиенти ќе бидат опслужени во рамките на слободата за давање услуги.

Со речиси 40% удел на пазарот, Vienna Insurance Group има водечка позиција во корпоративно осигурување во Австрија и е една од најголемите осигурителни компании во Централна и Источна Европа. Групацијата обезбедува услуги за клиенти кои работат во Австрија и во странство преку голема мрежа на партнери во 70 земји во светот.

„Ние ги користиме нашето долгогодишно искуство и високо развиена експертиза во овој бизнис не само за да обезбедиме поддршка на нашите деловни партнери во Северна Европа, туку и преку нашите локални канцеларии. Во исто време, ние ја користиме можноста да привлечеме уште повеќе линии на деловни активности на профитабилните пазари, објасни Елизабет Стадлер, извршен директор на Vienna Insurance Group .

Тим на осигурителни компании со долгогодишно искуство, широко познавање на локалните пазари и деловно посредување ќе биде центарот на активностите на VIG на овие пазари. Дистрибуцијата ќе се изврши преку воспоставени локални брокери за осигурување. Опсегот на производи VIG ќе се фокусира на класичен индустриски бизнис и деловно работење.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк