Винер Осигурување нуди осигурување од незгода за сите категории на граѓани. Меѓу оние за чија сигурност се грижиме, посебно место заземаат најмладите членови на општеството, а тоа се децата, учениците и студентите. Овој пакет на Винер нуди целосна заштита во текот на 24 часа, насекаде низ државата и ги покрива сите трошоци настанати како последица на несреќен случај (незгода) со вклучени трошоци за нарушена здравствена состојба за која е потребна лекарска помош.
Осигурувањето од незгода на деца од предучилишна возраст е наменето за групно осигурување на деца во градинки, јасли, одморалишта, на возраст до 14 години.
Со осигурувањето од незгода на ученици и студенти можат да се осигураат сите активно запишани во образовната институција преку која се врши осигурувањето, без оглед на нивната актуелна и мината здравствена состојба, нивната возраст или работната способност.
Многу повеќе на следниов линк.