3Цените на нафтата останаа во близина на 49 $, под притисок од прекумерната понуда и загриженоста поради намалената побарувачка во азиските економии и САД.

На лондонскиот пазар цената на нафтата остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,71 $. Значителни промени во цената нема и на пазарот во САД, каде што се тргуваше за 42,42 $.

Во САД продолжуваат да произведуваат рекорд количини на нафта и се чини дека производителите најдоа формула за намалување на трошоците, па не треба да се очекува намалување на производството.

Во септември започнува сезоната на намалена побарувачка поради сезонското одржување во рафинериите и крајот на летната сезона. Во таква средина без нагласок остана паѓањето на залихите минатата недела во САД, за 2,3 милиони барели, според Американскиот институт за нафта (API).

“Падот на цената на нафтата во последно време потврдува дека производителите на глобално ниво одлучиле да продолжат со тековното високо ниво на производство”, изјави Scott Cockerham од Conway MacKenzie′s Energy ADvisory Services.

И Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) произведува рекордни количини на нафта. Така Ангола планира во октомври да извезува околу 1.83 милиони барели нафта дневно, во споредба со 1.77 милиони дневно во септември. Ова дополнително ќе го влоши проблемот на прекумерната понуда од Атланскиот базен, напоменуваат од Ројтерс.