oil-Цената на суровата нафта во понеделникот падна на светските пазари, каде што не се гледа крајот на прекумерната понуда поради што цената на нафтата се намали за речиси 70 проценти од почетокот на надолниот тренд во средината на 2014 година.

По силниот раст минатата недела, цените на нафтата на лондонскиот пазар паднаа за 31 центи, на 37,58 $. На американскиот пазар суровата нафта се тргува по 37,63 $, што значи пад на нејзината цена за 47 центи во однос на затворањето на претходниот трговски ден.

Иако пазарот во САД е благо напрегнат, на меѓународните пазари остана проблемот со прекумерната понуда затоа што производителите како Русија и Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) дневно произведуваат половина милион до два милиони барели сурова нафта повеќе од побарувачката. Сето ова се случува во време на забавување на активноста во развиените економии и  земјите во развој, особено во Азија, истакнуваат аналитичарите.