images (2)Вчерашното соопштение на Швајцарската национална банка дека донесе одлука со која се откажува од вештачкото држење на фиксираниот курс на швајцарскиот франк во однос на еврото, предизвика хаотична реакција на пазарот на валути.

Швајцарската национална банка ваквата одлука  ја правдаат со неодамнешните промени на пазарот со валути, мислејќи на намалената вредност на еврото во однос на американскиот долар, и затоа тие сметаат дека се создени услови за отстранување на фиксираниот курс од 1,2 франка за едно евро.

Во прилог на одлуката на отстранувањето на фиксираниот курс на франкот Швајцарската национална банка дополнително ги намали каматните стапки на депозитите на  минус 0,75% од минус 0,25%.

Веднаш по објавувањето на соопштението вредноста на франкот се искачи до 0,8373 во однос на еврото, додека во однос на курсот према доларот на 0,6820 франци за еден долар. Подоцна дојде до стабилизирање на пазарот и вредноста на франкот во однос на еврото се движеше од 1,02 до 1,05 франци за едно евро, во вечерните часови курсот се движеше од 0,97 до 1,00, а утринава курсот на франкот во однос на еврото се движи во рамки од 1,015 до 1,025.