Искуствата од десет земји од Европа и светот ќе бидат како основа за законскиот текст за легализација на канабисот за лична и медицинска употреба. Работната група што ќе го изготви текстот ќе биде составен од лекари, фармацевти и политичари од власта. Тие во наредниот период ќе треба да направат вкупна проценка за придобивките или евентуалните штети од евентуалната легализација на канабисот.

Невладиниот сектор со фалби до власта дека има волја за законски измени, но се жали дека работата иде многу бавно. Тие тврдат дека сите досегашни влади имаат премногу декларативни заложби, а премалку работа на лице место. Вкупно треба да се изменат три закони: Кривичниот законик, Законот за контрола на опојни дроги и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Од Владата не откриваат кога ќе биде готов законскиот текст, но уверуваат дека решението ќе биде базирано врз меѓународните стандарди и компаративните искуства.