За денес е закажана аукција на која  владата планира да ја задолжи Македонија за 2.220.000.000 денари или 36 милиони евра.

 

 

 

Денес на аукција на државни хартии од вредност државата ќе се задолжи  на  12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.315.000.000 денари , 12 месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 300.000.000 денари, 3 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 150.000.000, 5 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 400.000.000 денари и 15 годишни државни обврзници без клаузула во износ од 55.000.000 денари.