Со ребалансот на Буџетот за 2019 година Владата ќе издвои 183 милиони денари за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно потребите за УНЕСКО и природните потреби за заштита на Охридското Езеро.

Уште на почетокот на ова лето премиерот најави реконструкција и доградба на колекторскиот систем и за таа цел е формирано државното претпријатие „Колектор“.