На прес-конференцијата премиерот Заев најави повисоки плати за вработените и раст на економијата.

Премиерот Зоран Заев и новата министерка за финансии Нина Ангеловска одржаа прес-конференција во Владата за одлуката за ребалансот на Буџетот донесена на денешната владина седница.

На прес-конференцијата премиерот Заев најави повисоки плати за вработените и раст на економијата. Тој најави 400 милиони денари одвоени за субвениционирање на придонесите и 183 милиони денари за колекторскиот систем и заштита на Охридското езеро.

Премиерот додаде дека се зголемил бројот на вработени во земјава, а од септември административците ќе земаат повисоки плати за 5 отсто.

Министерката Ангеловска изјави дека со почеток од октомври, мерката со субвенционирани придонеси ќе трае три години и ќе им овозможи на компаниите да ги задржат квалитетните кадри. Таа вели дека буџетот е во одлична состојба и напомена дека производството ќе се стимулира за да биде поатрактивно за младите.