Владата, на денешната седница, го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Национални енергетски ресурси, да побара средства за финансирање на овој проект

 

Средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за интерконективниот гасовод со Грција очекува Владата, откако С Македонија се приклучи кон проектот за изградба на терминал за течен природен гас и гасна централа во Александропули, Грција,

Владата, на денешната седница, ја разгледа да  усвои Информацијата за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу  Северна Македонија и Грција. Владата, како што се соопштува, го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Национални енергетски ресурси АД Скопје, официјално да се обрати до Европската банка за обнова и развој со барање за обезбедување на средства за финансирање на овој проект.

Државава ќе учествува со 25 проценти во гасната централа со капацитет од 800 мегавати, а проценетата инвестиција е повеќе од 380 милиони евра. Планот е до 2023 година да бидат пуштени гасниот терминал и гасната станица.

Со оваа инвестиција, според владините проценки, се обезбедува резервирање на капацитети за сигурно снабдување на земјата со гас, без ризици во следните 15 години.

„Со ова, значително ќе се зголеми снабдувањето со природен гас во државата и во регионот, имајќи предвид дека нашите планови вклучуваат и нови гасоводни врски со Косово, Албанија и Србија. Со поврзувањето со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија ќе стане транзитна рута на природен гас, а целта е таа да стане дел од енергетскиот хаб на Балканот“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи, при официјализирањето на влегувањето на С Македонија во проектот.