На денешната Владина седница, на дневен ред е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данок на имот.

Имено, како што беше претходно најавено од страна на премиерот Зоран Заев, во овој закон ќе има измени, па така данокон за втор стан, куќа или простор кој не се користи, ќе биде трипати поголем од оној за куќа, стан или простор кои се користат.

„Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата“, истакна Заев.

Тој посочи дека овој закон еднакво ќе важи и за физичките и за правните лица, кои имаат во посед имот кој не е во функција.

„На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај државата ќе плаќа трипати повисок данок на општината во којашто се тие. Ако не, нека го продаде или нека го изнајми и нека го стави во функција“,потецнира Заев.

Даноците на имот ги наплатуваат општините. Стапката е пропорционална и се движи од 0,1 до 0,2 проценти од пазарната вредност, а данокот се намалува за 50 отсто за станот или за куќата во која се живее.