saudi_1880139bВлезот на Саудиска Арабија на нафтените пазари во Источна Европа претставува најжестока конкуренција, во средата изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак, чија земја традиционално доминира на пазарите во регионот.

“Секоја земја има право да продава каде што смета дека е потребно. Ние сме сведоци на конкуренција и тоа најжестока”, изјави министерот Новак за новинарите.

Саудиска Арабија започнаа да ја снабдува со нафта Полска, во вторникот објави најголемата руска нафтена компанија Роснефт. Со тоа уште една земја производител на нафта од Блискиот Исток навлезе на пазарот каде до сега главно испорачуваше Русија.

Извозниците на нафта се борат за учество на светскиот пазар, притоа оние со подлабок џеб, како Саудиска Арабија, користат ниски цени како би навлегле на нови пазари, често на сметка на Русија, која е една од водечките светски производители на нафта во светот.

“Гледаме дека Саудиска Арабија ја имплементира својата стратегија во конкуренција на нафтените пазари”, заклучи рускиот министер за енергетика.

Тој додаде дека делегатите на руското министерство за енергетика отпатуваа во Виена на “техничка средба” со претставници на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), планиран за 21 октомври.