Со задоцнетите мерки на криминалната влада на СДС и ДУИ народот од ден на ден станува по сиромашен, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ.

Инатењето и неспособноста на владата на Ковачевски доведе до целосен распад на економијата во државата. Зголемен инфлација од 17,1%, енормното зголемување на цените на основните прехранбени продукти придонесоа да секое трето семејство во Македонија да живее во сиромаштија.

Закаснетите и конфузни мерки сега придонесуваат до незадоволство и кај граѓаните и кај компаниите.

Замрзнувањето на цените на одредени продукти е со времен карактер од не цели 3 месеци и не е систем кој ќе функционира на долг рок. По одмрзнувањето на цените повторно ќе имаме ценовен шок кој повторно ќе биде на штета на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци предложи конкретни антикризни мерки кои нема да бидат на штета ниту на граѓаните, ниту на компаниите.

Оваа неспособна власт требаше уште пред неколку месеци да ги замрзне цените на основните прехранбени продукти, пред тие да се качат за двојно или пак тројно, но и владата да ги ослободи стоковите резерви, како и да се откаже од дел од акцизата на горивата и да се анулира цената на транспортот. Исто така предложивме и намалување на цариснките тарифи како и намалување на данокот на додадена вредност.

Доколку криминалците од СДС и ДУИ, не мислеа само на тендери и криминал, и на време прифатеа барем дел од нашите предлози, инфлацијата во Македонија немаше да биде двоцифрена, немаше да има револт кај компаниите и граѓаните.

Но, Груби, Ковачевски како и останатите криминалци од владата на СДС и ДУИ заслепени од криминалот и тендерите во 4 очи, не им беше гајле ниту за граѓаните ниту пак за економијата во државата.