Доколку имате заостанати долгови во банка на стари тековни сметки, банката најверојатно ќе Ве извести тогаш кога тие ќе нараснат на неколку илјади денари, верувале или не !! 

За да не дојдете до таква непријатност, тимот на БанкоМетар.мк Ве советува да побарате помош со извештај од Кредитното Биро. Во банкарскиот речник, термин отпис на долгови не постои , па мора да бидете екстремно внимателни.Десеттици и стотици денари – лесно можат да се претворат во долг од неколку илјади денари со тек на времето.

Многу граѓани имаат т.н  неактивни тековни т.е. трансакциони сметки во банките. За нивното одржување банката наплаќа – без оглед дали Вие ги користите или не !!!

Затворањето на овие трансакциски сметки е бесплатно, така да во овој случај на лесен начин можете да се ослободите од евентуални непријатности, непотребни финансиски трошоци и нервози.

Исто така, треба да бидете финансиски одговорни према себе.

„ Совет за сите граѓани – да одат и да проверат во сите банки каде што некогаш користеле тековна т.е. трансакциона сметка , да побараат извештај за состојбата и доколку не ја користат , да ја затворат оваа сметка “ – совет од Банкометар.мк. Со ова би се избегнале евентуални подоцнежни финансиски загуби.

Наша препорака е и дозволеното пречекорување да се користи само во крајна нужда – бидејќи и тоа генерира трошоци. Упростено – секое дозволено пречекорување, секој месец Ве чини околу 1 % од износот на целокупното искористено пречекорување. Значи доколку имате 50.000 денари дозволено пречекорување и го имате искористено целиот износ, месечно мора да плаќате 500 денари само камата – износ кој не го намалува Вашиот долг.