kreditiКредит со променлива каматна стапка е кредит, чија каматна стапка е врзана за одредени променливи фактори (инфлација, референтната каматна стапка). Каматната стапка за овие кредити може да се менува, обично независно од волјата на корисникот на кредит, а со тоа и вкупниот износ на каматата на кредитот.

Во договорот за кредит утврдени се условите под кои може да се предизвикаат овие промени. Затоа е важно пред потпишувањето на договорот внимателно да ги прочитате и разберете сите одредби кои влијаат на промената на вашите обврски кои произлегуваат од земени кредити.

Кредитите со променлива каматна стапка носат одреден каматен ризик да за време на периодот на отплата на кредитот дојде до промена на каматната стапка што резултира со промена на висината на ратата од кредитот.

Доколку планирате да склучите договор за кредит со променлива каматна стапка треба да обрнете внимание на следниве работи:

  • висината на каматнатната стапка при потпишувањето на договорот
  • што влијае на промена на висината на каматната стапка
  • кога банката ги врши промените на каматните стапки и за кој период тие важат
  • дали банката има обврска да со секоја промена на каматната стапка, да изработи и достави нов план за отплата на кредитот