Секоја година, во пресрет на Велигден, експертите предупредуваат дека боите никогаш не треба да се купуваат на улични тезги и на тој начин да се загрози здравјето, туку само во проверени продавници.

Задолжително е да се погледне декларацијата пред да се купи. Како што некогаш беше објавено на веб-страницата „Информации за потрошувачите“, советот до купувачите е да ја бараат ознаката Е (е-број) на кесата, бидејќи тоа значи дека бојата е класифицирана како додаток на храна и е на позитивна листа на адитиви, која е регулирана со закон. Инаку боите за храна во тој систем се оние од Е100 до Е180 и се безбедни за употреба.

Сите други не можат да се користат за боење јајца или друга храна. Се посочува и дека вистинските прехранбени бои обично се малку поскапи бидејќи овие производи за прехранбената индустрија се прочистуваат.

Во претходните години на пазарот се наоѓаа неквалитетни бои, евтини производи кои можеа да содржат и тешки метали како олово, кадмиум, жива, арсен… Совет до купувачите е да купуваат бои во проверени продавници. Сè што е многу пониско од очекуваното веројатно доаѓа од индустриски пигменти.

Евтините хемиски бои што се користат за бојадисување на волна и свила не се за јадење, затоа немојте да ги користите за боење велигденски јајца, предупредуваат експертите.