Растот на цените во Албанија беше незапирлив и во декември, додека инфлацијата достигна стапка од 3,7 проценти, што е највисоко ниво во последните 11 години.

-Инфлацијата расте, пред сè поради цените на енергетските производи кои достигнаа рекордни нивоа, додека нафтата и бензинот достигнаа цена од 185 односно 187 леки, речиси 20 отсто поскапи во однос на декември претходната година. Најголем раст на цената е забележана кај гасот и тоа за 70 отсто и сега се продава по 94 лека за литар, наведува Топ чанел.

Според истиот извор, по транспортот, инфлацијата е поттикната и од цените на храната. Зголемени се цените на сите прехранбени производи, а за тоа трговците обвинуваат за високите увозни цени, но и за неповолното домашно производство. Покрај овие групи годинава поскапеле и забавата, киријата, облеката и тутунот.

Високата инфлација може да се претвори во сериозен проблем за стопанството во услови кога куповната моќ на граѓаните значително опаѓа, додека парите во банкарските депозити продолжуваат да ја губат вредноста.

-Исто така, Централната банка може да биде принудена да ги зголеми каматните стапки бидејќи инфлацијата значително ја надмина предвидената стапка од страна на банката од 3 проценти, што би донело дополнителни трошоци за кредитите на станбените хипотеки, констатира телевизијата.