Пандемијата ги зголеми приходите кај веледрогериите. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека нивните приходи се зголемиле во 2020 година во однос на 2019 година, за да потоа тој тренд продолжи и во 2021 кога направиле уште поголем промет со лекови и медицинаски материјал во однос на 2020 година.

Така, во 2021 година, само кај трите најголеми веледрогерии по промет: „Зегин“, „Македонијалек“ и „Еуформ се платени 187,2 милиони евра. Во 2020 година кај нив се слеале 174,5 милиони евра.

Најголемите компании по приход не биле и најголеми добитници во однос на профитот. Порталот „Пари“ аналзирајќи ги бројките за веледрогериите, наиде на еден особено интерсен податок за висината на платите во двете веледрогерии кои имаат најголема добивка. Тие не само што даваат солидни и многу надпросечни плати, туку и во 2021 година значително ги зголемиле платите во однос на 2020. Така, лани просечна плата во „Промедика“ била 102.547 денари, а во „Биотек“ 127.121 денар.

Веледрогерии кои отскокнуваат со платите, во денари

Веледрогериите „Зегин“, „Македонијалек“ и „Еуформ“ и минатата година останале компаниите преку кој здравствениот систем најмногу се снабдува со лекови и друг медицински материјал, како што тоа било и во 2020 година.

Но, од податоците може да се види дека иако „Зегин“ ги зголемил приходите за 2,47%, со што реализрал промет од дури 73,8 милиони евра, имал значаен пад на добивката од 30,2%, па така најголемата веледрогерија направила профит од „само“ 223.000 евра во 2021 година.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА.