На секои седум години, од клуб на земји кои ги проповедаат вредностите на демократијата, солидарноста и борбата со светските неправди, Европската унија се претвора во бучна чаршија. Причината – дебатата за повеќегодишниот буџет на ЕУ.

За речиси една година дипломатите од земјите членки, вработените на европските институции и европските пратеници почнуваат да личат повеќе на трговците кои расправаат која земја колку точно евра да даде за буџетот, која да изгуби и како сето тоа да се покрие.

Процесот ќе започне официјално утре кога Европската комисија ќе го предложи својот нацрт-буџет за периодот 2021-2027.

Се очекува дискусиите да бидат особено брутални следната година. Од една страна, за првпат по 20 години, ЕУ се соочува со вакви темелни промени. На почетокот на овој век земјите членки мораа да најдат пари за новите земји во ЕУ, но тогаш болните мерки се примаа полесно поради универзалниот ентузијазам. Сега, освен напуштањето на Велика Британија, за лошото расположение на преговарачите ќе придонесат споровите меѓу Истокот и Западот за тоа кој и зошто треба да дава и прима пари од европскиот буџет.

 

 

Комисијата планира да предложи поголем буџет од претходниот и најверојатно ќе ја претстави идеја дека буџетот од 2021-2027 ќе биде помеѓу 1,13 и 1,18% од бруто националниот доход на ЕУ во споредба со сегашниот еден процентен поен. Потоа, до средината на јуни, Брисел ќе објави конкретни законски предлози за специфични области како што се земјоделството, кохезијата и истражувањата.

Конечната одлука за буџетот ќе биде донесена од страна на националните влади, од кои Комисијата сака да ја наплати сметката за најмалку половина од дупката што ќе остане  по Брегзит. Новите предизвици, како што се миграцијата, тероризмот и безбедноста на границите, исто така, ќе бараат дополнителни средства.

Запознаени со прашањето официјални лица велат дека четири или пет држави нето обврзници не сакаат да платат повеќе. Австрија, Холандија, Данска и Шведска се скептични кон идејата за поголем буџет, иако најголемиот нето исплатувач, Германија, вети дека ќе го зголеми придонесот.

“Потребни ни се 27 мали победници”, изјави уште еден висок официјален претставник на ЕУ.

Се очекува намалувањата да дојдат од двете големи европски политики – кохезија и земјоделството. Според Европската комисија, истражувањето и програмата Еразмус не треба да се допираат.

“Брегит не ја менува играта, остануваме без 12-14 милијарди евра годишно по транзицијата”, рече високи европски претставник .Се оечкува Еврокомисијата да каже дека новите приоритети имаат европска “додадена вредност”.

Нема да има посебен буџет за еврозоната, но “неколку милијарди” ќе бидат дефинирани за справување со асиметрични економски шокови, стимулирање на реформите и поддршка на земјите кои сакаат да се приклучат кон еврозоната.

Извор: Фактор