Вкупното производство на пиво по глава на жител во ЕУ достигнува 74 литри годишно. Германија останува најголем производител на пиво во Заедницата со волумен од 7,5 милијарди литри во 2020-та година. Ова претставува 24% од вкупното производство на ЕУ, односно едно од четири пива се произведува во германски пиварници.

На второ место е Полска со 3,8 милијарди литри, потоа Шпанија (3,3 милијарди литри), Холандија (2,5 милијарди литри), Франција (2,1 милијарди литри), Чешка (1,8 милијарди литри) и Романија (1,7 милијарди литри).

Највисок раст на производството на годишна основа е забележан во Словачка за 25%. Во Италија, од друга страна, падот е речиси преполовен во споредба со нивото на 2019-та година.

Водечки извозник на пиво во ЕУ е Холандија, извозот на земјата изнесува 1,9 милијарди литри, или 21% од вкупниот износ за Унијата. Вклучува и пиво извезено во други земји-членки и во трети земји.

На второ и трето место се Белгија (1,7 милијарди литри) и Германија (1,5 милијарди литри).

Главните дестинации на кои се извезува европско пиво се САД (895 милиони литри, или 22% од извозот во трети земји) и Обединетото Кралство (881 милиони литри, или 21%).

Најголем увозник на пиво е Франција со околу 800 милиони литри во 2020-та година, потоа следи Германија со 700 милиони литри.

Објавувањето на Еуростат е по повод Меѓународениот ден на пивото, кој се слави секоја година во првиот петок во август.