Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40.8 % повеќе во однос на истиот месец лани.

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија изнесува 9 897 768 илјади денари, што е за 258.1 % повеќе во однос на февруари минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 199 (56.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 108 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 45 (12.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 352 објекти, на 170 (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 182 (51.7 %) објекти инвеститори

се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 294 станови, со вкупна корисна површина од 97 659 м2.