Касарна Хаб верува во најмладите, и верува дека со квалитетни обуки ќе ја спремиме следната генерација за новото време. Затоа, посветено работевме и подготвивме адаптирани обуки за деца од основно образование. Програмирање во Python, C++, Scratch, WordPress и друго.

Можностите на компјутерската технологија и мобилните уреди со широк спектар на
функционалности, станаа секојдневна потреба на човекот во различни сфери од
современото живеење. Брзиот развој на современите технологии претставува најголем
предизвик за младите, кои постојано откриваат нови апликации, корисни за едноставно
реализирање на секојдневните задачи. И не само што технологијата и апликациите
станаа примарна алатка во процесот на учење, туку голем дел од нив активно се
вклучуваат и во процесот на развивање на софтверски решенија, поврзани со потребите
на корисниците во различни области.

Токму затоа, потребно е да се обезбеди дополнителна поддршка на младите да ги
направат првите чекори во кодирањето и да се запознаат со основните концепти во
програмирањето. Тоа може да се постигне преку различните курсеви за информатика и
основи во програмирање, кои ќе ги поттикнат учениците успешно да навлезат во оваа
дигитална ера, не само како корисници, туку и како креатори на софтвер.
Касарна Хаб организира следниве курсеви по информатика и основи на
програмирање:

Курс 

Возраст 

Програмирање со Scratch 

од 9 до 11 год. 

Програмирање со Python 

од 11 до 13 год. 

Програмирање со C++ 

од 13 до 15 год. 

MS Office (Word, Power Point, Excel) – основно ниво 

од 10 до 12 год. 

MS Office (Word, Power Point, Excel)– напредно ниво 

од 13 до 15 год. 

WordPress 

од 13 до 15 год. 

Google Apps 

од 11 до 15 год.