Според првичните податоци на Хрватскиот  Државен завод за статистика, просечната нето плата за декември минатата година во однос на просекот за ноември е пониска за 217 куни или номинално за 3,5 проценти.

На годишно ниво, во однос на декември 2016 година, просечната нето плата е повисока за 135 куни или номинално за 2,3 проценти.

Според првичните податоци на ДЗС, просечната месечна исплатена месечна плата по вработен кај правни лица за декември лани изнесувала 8.052 куни.

На месечна основа е номинален пад за 3,9 отсто или за 329 куни, додека на годишно ниво просечната плата е поголема за 221 куни или номинално за 2,8 проценти.