Во Иран Централната банка ја наметна владината одлука повеќе тровците да не го користат американскиот долар при нивните нарачки на производи бидејќи нема да им бидат прифатени на царина.

Како една од причините поради кои се забранува тргувањето со долари е пазарната флуктуација на американската валута, па така трговците и увозниците ќе мора да прават договори со своите набавувачи во други меѓународни платежни валути.

Имено од министерството за трговија, рударство и индустрија посочуваат дека оваа одлука на владата нема да предизвика големи последици врз иранската економија бидејќи и досега иранските компании имале ограничен допир со доларот поради строгите американски санкции наметнати врз Иран.

Така и многу американски банки не смејат директно да работат со иранските бизнисмени или компании и на тој начин употребата на американските долари во Иран и не е на премногу високо ниво.