Според податоците на Државниот завод за статистика за просечната плата во Македонија во март таа била 54.606 денари за вработените во секторот компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности.
Вработени во секоторот за телекомуникации во март во просек добиле 48.404 денари. Малку помала плата добиле вработените во секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 45.677 денари.
Следуваат просечните плати во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (37.761 денар) и платите во секторот вадење на други руди и камен – 34.284 денари, покажуваат мартовските податоци на Државниот завод за статистика.
Инаку, во просек во Македонија највисоки плати земаат во секторот воздухопловен транспорт (бруто плата 84.452 денари).
Според бруто платите следуваат вработените во компјутерско програмирање, (81.128 денари), 64.397 денари е бруто плата во информации и комуникации, 63.617 во финансиски дејности и дејности на осигурување, 58.411 денари добиваат вработените во останати стручни, научни и технички дејности, 55.632 денари е бруто износот по вработен во осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување, 50.548 денари е во правни и сметководствени дејности, 40.690 денари е бруто во секторот јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.