Преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нуди мерки со кои ги поддржува младите земјоделци, и тоа преку мерката 112, помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113, поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра.

Овие две мерки имаат голема популарност кај земјоделските производители што беше мотив МЗШВ да предложи законски измени на законот за земјоделство и рурален развој со кој се овозможуваат услови за започнување со авансна исплата на финасиската поддршка за млад земјоделец. Па така со оваа измена младите земјоделци ќе можат авасно да добијат 40% од вкупната вредност на грантот за поддршка за млад земјоделец.

Во очекување на еден од повиците и целосните услови и критериуми, потсетување кој може да аплицира и какви документи се потребни.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат носители на земјоделски стопанства на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

  • Индивидуален земјоделeц
    – вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност; или
    – кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување; или
    – кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност
  • Трговец поединец
    – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
  • Трговско друштво
    – регистриран согласно Закон за трговски друштва.

Земјоделските стопанства мора да се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој и да не користеле помош од претходниот јавен повик за мерката 112.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Напомена: Долунаведените документите кои се доставуваат во прилог на барањето за финансиска поддршка, треба да се оригинал на македонски јазик или копија заверена на нотар, доколку не е поинаку определено. Доколку документацијата е на друг јазик истата треба да биде придружена со превод на македонски јазик оверен од овластен преведувач. Доколку се работи за официјален документ на друга држава треба да биде оверен со апостил.

  1. Уредно и целосно пополнето електронско Барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година ПРР – 113; (поднесено преку e-baranje.ipardpa.gov.mk)
  2. Понуда со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка;
  3. Деловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен план за Мерка 113;
  4. Доказ за завршено образование:
    – Диплома за завршено образование од област на земјоделство; или
    – Сертификат за завршена обука за здобивање на квалификации за вршење на земјоделска дејност;
  5. Доказ за поседување или располагање со недвижен имот:
    – Имотен лист – издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик; или
    – Договор за закуп на земјиште/објект во траење од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик, и прилог имотен лист за земјиште/објектот на име на закуподавачот издаден од Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик; или
    – Договор за концесија на земјиште/објект во сопственост на Република Северна Македонија со важност од најмалку 5 години сметано од денот на објавување на јавниот повик со Записник за воведување во владение и прилог имотен лист;
    Напомена: Доказ за поседување/располагање со недвижен имот се доставува во случај кога инвестицијата опфаќа ископ на бунари (само за фарми и објекти), градба, конструкција/реконструкција на објект/и и пластеници;
  6. Одобрение за градба, конструкција/реконструкција со проектна документација врз основа на која е издадено одобрението за градба, конструкција/реконструкција од единицата за локална самоуправа
    Напомена: За инвестиции кои вклучуваат градба, конструкција или реконструкција на објекти
  7. Договор/Понуда за услуги од трети лица за надзор и изведување на градежни работи, за изработка на опрема, конструкција на елементите и инсталирање на опрема вклучително и софтвер;
    – Договор/Понуда за услуги од трети лица за изработка на деловен план, студии, елаборати, планска и техничка документација;
    Напомена: Договор за услуги од трети лица се доставува доколку услугата е од физичко лице, или Понуда се доставува доколку услугата е од правно лице. Договор за услуги се доставува доколку барателот користи услуги од трети лица и за истите бара финансиска поддршка;
  8. Договор/Понуда за обука за вршење на соодветна земјоделска дејност согласно предвидениот производствен план од деловниот план (доколку барателот не поседува доказ за завршено соодветно образование а побарува финансиска поддршка за наведените обуки);
  9. Решение за упис во регистар на земјоделски задруги при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (доколку земјоделското стопанство е член на земјоделска задруга);
  10. Доказ/Потврда за заснован/незаснован работен однос во последните 2 години, издадена од Агенција за вработување на Република Северна Македонија.

Прифатливите трошоци и бодовите за новите повици ќе бидат познати кога ќе излезе повикот од страна на Платежната агенција.

За повеќе информации и изготвување на апликации за „Млад земјоделец“ во Агротим на телефонскиот број 071/ 225-345 или на [email protected]