Кога станува збор за задоволството од цената, откупувачите се реални, дека репроматеријалите и општите трошоци за производство се далеку повисоки од минатата сезона, ама цената е иста како ланската. Најголемиот товар повторно се крши од грбот на производителите.

Хрватска, Србија, Босна се земјите каде годинава најзастапена ќе биде струмичката куртовска капија или ајварката. Свежа и прва класа се извезува, а во помали количини ја има и на европските пазари. Паралелно со откупот и пласманот на ајварката, која се пласира на пазарите на мало, се врши откуп и на индустриската пиперка.

Кога станува збор за задоволството од цената, откупувачите се реални, дека репроматеријалите и општите трошоци за производство се далеку повисоки од минатата сезона, ама цената е иста како ланската. Најголемиот товар повторно се крши од грбот на производителите.

Освен кај пластеничкото производство на куртовската капија, намалување на производството најмногу има поради неповолните временски услови и невремето кое зафати дел од регионите што произведуваат куртовска капија, има и кај производството на отворено.

Според процените од терен, наместо очекуваните 15.000 до 20.000 тони, од овие површини сега би требало да бидат набрани 7.000 до 10.000 тони куртовска капија.

Стојне Митева