Вкупните директни инвестиции во земјава во првиот квартал од 2023 година бележат нето-приливи од 126,5 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел 107,2 милиона евра се реинвестираната добивка, 44,7 милиони евра се зголемени инвестиции во сопственичкиот капитал, додека кај меѓукомпанискиот долг се остварени нето-одливи од 25,5 милиони евра.