Спојувањето на двете водечки банки, „UBS“ и „Credit Suisse“, создаде „нови ризици и предизвици“ за швајцарската економија, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Овој потег можеби ја зачувало финансиската стабилност, рече ОЕЦД во економскиот пoглед за Швајцарија, но исто така покренува прашања за доминацијата на „UBS “во матичната земја и потребата од посилна финансиска регулација во иднина.

Најголемото спојување на банките од глобалната финансиска криза, управувано од швајцарската држава за да го спречи колапсот на „Credit Suisse“, создаде група чии средства го надминуваат бруто домашниот производ (БДП) на Швајцарија.

„Стекнувањето на сопственоста на “Credit Suisse“ од страна на „UBS“ со помош на државата… де факто ја одржа сè поизразената криза во „Credit Suisse“ и ги намали ризиците од прелевање, со што ја зачува финансиската стабилност, но предизвика нови ризици и предизвици“, велат од ОЕЦД.

Швајцарската влада подготвува предлози за заострување на регулативите за големите банки.