Во Шведска, сега има повеќе жени со зависности од коцкање одколку мажите, јавува Би-Би-Си. Истражувањето на здравствените власти покажа дека од 45.000 лица со зависност, 64% се жени – што е зголемување од 18% во однос на 2015 година, што претставува зголемување кое најмногу се должи на зголемувањето на онлајн коцкањето. Министерот за јавна администрација, Ардален Шекараби, вети дека ќе стави крај на “агресивното рекламирање на игри” и вели дека предлогот за саморегулирање на коцкањето “нема да биде доволен”.