Од хрватските агенции за недвижности велат дека пазарот донекаде се стабилизира. Најскапите станови се во Сплит. Цената на квадрат се движи од 3 до 8 илјади евра. Со тоа што, на пример, во Бачвице „пентхаус“ се продава и до 11 илјади евра за метар квадратен. Во 2019 година цените беа од 4,5 до 5,5 илјади евра. За стан од 50 квадрати во Сплит треба да одвоите од 180 до 300 илјади евра, пренесува ХРТ, објави Пословни хр.

Во Загреб цените за квадрат се движат од 2,5 до 5 илјади евра, но има и такви што се продаваат за 8 илјади евра. Во просек, стан од 50 м2 може да се најде по цена од 180 до 300 илјади евра.

Во Риека цената на станот се движи од 2.500 до 4.000 евра. За стан од 50 квадрати треба да се одвојат од 130 до 200 илјади евра. Од четирите најголеми градови, најевтин е Осиек, каде што цените на метар квадратен нов стан се движат од 1.700 до 2.000 евра – додека постарите станови се продаваат за 1.300 евра за метар квадратен.

Стан од 50 квадрати во Осиек чини од 65 до 120 илјади евра. Сепак, од агенциите велат дека пазарот донекаде се стабилизира, растот на цените забавува, особено кај поголемите станови, додека помалите се уште се најбарани.